Стевчо Јакимовски во среда вечер ќе формира нова политичка партија. По формирањето на иницијативниот одбор се најавува дека ќе бидат посочени целите и насоките по кои ќе дејствува партијата на чие чело ќе застане Јакимовски.
Засега е познато дека таа ќе ја промовира граѓанската опција и дека ќе биде опозиција.
Според најавите во првично време партијата ќе делува самостојно и нема план да се коалицира со друга партија.
Појавувањето на партијата на Стевчо Јакимовски според информациите од таму не е поврзано со најавите за формирање на политички субјект на Владо Бучковски.