Јакимовски: СДСМ лаже – замокот на Водно не е мој

Од:

Во оваа изборна кампања, тој и неговиот штаб, покрај заканите кон децата на кандидатот Јакимовски, личните навреди и дисквалификации, изнесоа и куп невистини, лаги и манипулации, велат од Изборниот птаб на Стевчо Јакимовски.

Граѓаните на Карпош уште еднаш можат да ја видат безидејноста на набрзина влетаниот и неподготвен кандидат за градоначалник Андреј Петров. Немањето на сопствени проекти и визии за Општината, тој несупешно се обидува да ги надомести со валкана кампања против актуелниот градоначалник.

Наместо да понуди проекти за подобрување на животот на граѓаните, тој повторно ја промашува целта и се занимава со животот на Стевчо Јакимовски.

Во оваа изборна кампања, тој и неговиот штаб, покрај заканите кон децата на кандидатот Јакимовски, личните навреди и дисквалификации, изнесоа и куп невистини, лаги и манипулации.

Ова е уште еден таков неуспешен обид да сепредизвика внимание кај јавноста за наводен имот на Стевчо Јакимовски. Категорички демантираме дека тоа имот на градоначалникот Јакимовски, туку станува збор за семејна куќа на семејството Качаниклиеви, која на сопствен плац уште од прадедо во периодот од 2001 до 2007 година изградиле семеен дом за себе и за своите две деца.

Со ова Андреј Петров и неговите советници демонстрираа насилие и злоупотреба на приватен имот на семејството Качаниклиеви, обични граѓани на Карпош, во валкана изборна кампања. Тие добро знаат дека своите манипулации и лаги може во секое време да ги проверат во Катастарот за недвижности на Република Македонија.

Малку време му останува на Андреј Петров да спаси барем дел од својот политички и личен углед.Издржавме многу во ова изборна кампања. Ќе издржиме уште пет дена кога самиот ќе го увиди својот дебакл, кој меѓудругото, се должи и на ниското ниво на комуникација со своите противкандидати и потценувањето на граѓаните на Општина Карпош.

ФОТО: Плусинфо

Би можело да ве интересира

Јакимовски: Покажавме дека можеме да направиме мирни и достоинствени избори

Јакомовски: Мора да се ослободат 83 илјади семејства од енормно високите сметки

Јакимовски: Не планирам да не се пласирам во вториот круг, а во вториот круг обично јас победувам

Јакимовски: Децидно сум против бирање на претседател во Собрание

Јакимовски: Да изградиме регионална НАТО-болница по сите стандарди, да го запреме иселувањето на медицинскиот персонал

(ВИДЕО) Јакимовски: Конкретни мерки за подобрување на животот на пензионерите