Од утре, 40-те медицински сестри се враќаат на работа, најави на Фејсбук министерот за здравство Венко Филипче.
Тој посочи дека договорите со кои медицинските сестри биле ангажирани на определено време во Здравствениот Дом – Скопје, ќе им бидат продолжени.
-Тие и натаму ќе ја работат најблагородната професија – спасување човечки животи, напиша министерот на Фејсбук.