Кери вети благосостојба на Палестина

Од:

Американскиот државен секретар Џон Кери вчера во тек на посетата на Јордан, изјави дека верува во новиот економски план за развој на палестинското стопанство и очекува раст од 50 проценти во наредните три години.

Според него планот би требало да ја намали невработеноста за две третини и да ја зголеми просечната плата за 40 проценти, но сето тоа зависи од мировните преговори со Израел.

Кери заедно со поранешниот британски премиер Тони Блер и со бизнисмени ширум светот се обидуваат да го оживеат палестинското стопанство.

Зборувајќи на бизнис конференцијата во Јордан, на која присуствуваа и израелскиот претседател Шимон Перес и неговиот палестински колега Махмуд Абас, рече дека се работи за план за трансформација на стопанството кој се разликува од се што до сега е направено.

Тој последниве два месеци се обидува да ги обнови мировните преговори помеѓу Израел и Палестина , но за сега без успех.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Нетанјаху потврди: Примирјето стапи на сила

Израелската армија продолжи со нападите врз Газа, несогласувањето со Хамас го одложи прекинот на огнот

Предраг Петровиќ

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји