ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче да престанат со демагогија, нема кревети и кислород за пaциентите по болниците оставени да умираат

Од:

„Зоран Заев и Венко Филипче пoд итно да престанат со демагогиjата која ја шират во јавноста за некаква борба против короната и теоретска расправа, нека погледнат во болниците и ќе видат дека луѓе умираат поради недостаток на кислород и поради распаднатиот систем.

За какви црни стандарди говори Филипче кога во една соба седат пациенти и на подот, заедно со луѓе за кои не е проверено дали имаат ковид.

Наместо да ги опремат болниците со доволно болнички кревети и да ги заштитат медицинските лица, Заев и Филипче се окупирани со легализација на марихуана и градење на хациенди“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Поради лагите нз Заев и Филипче дека се е под контрола досега починаа 1.546 граѓани. 1.546 животи згаснаа прерано затоа што неодговорното однесување на Заев и Филипче ги остави без соодветна и навремена болничка грижа.

Нивната неспособност и незаинтересираност за здравјето на граѓаните ја стави Македонија на врвот по починати лица на милион жители.
Семејствата се во очај затоа што системот на Заев и Филипче е така создаден да нема кој да им помогне на нивните најблиски.

Нивната негрижа оди дотаму што со месеци ги оставија без заштита и здравствените лица и затоа толку е висока стапката на заразени медицински работници, а за жал некои и починати.

Оставката на Филипче е нужност и главна реформа која мора да се случи во здравството. Државата не смее повеќе заради Заев и Филипче да се завива во црно. Потребна е одговорност веднаш. Заев и Филипче мора да поднесат оставки за да се спасат што е можно животи повеќе“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче