ВМРО-ДПМНЕ: Каква понуда за нов договор овие денови дал Заев до Софија

Од:

„Вчера коалициониот партнер на Зоран Заев со кого ја делат власта и криминалот, лидерот на ДУИ во интервју јавно соопшти дека Владата доставила понуда за нов договор до Бугарија за решение на спорот поради што овие денови очекувале одговор од бугарската страна.

Бидејќи очигледно се водат тајни разговори со Бугарија, без детали за новиот договор кој се нуди, го прашуваме Зоран Заев во кој дел од програмата на СДСМ пред изборите вети нов договор со Бугарија и кога престана неговото тврдење дека претходно постигнатиот договор е најдобар што можел да се постигне опишувајќи го тоа како огромен успех“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Од кого тоа доби дозвола да преговара и води тајни разговори и дали не се во игра и приватни бизнис интереси на Заев врзани со една банка, и други два вносни бизниси? Дали Заев нуди промена на Уставот?

А ако Заев е за зачувување на македонскиот идентитет и јазик како што формално тврди нека престане со тајните разговори, ајде да изгласаме декларација во Собранието по која ќе се водат преговорите со Бугарија.

Но, Заев бега затоа што Заев ветил работи кои што сега не знае како да ги исполни. Со измамникот Заев Македонија не е на сигурно. Тој во Софија ветувал се и сешто, од бизниси до отстапки и со тоа ги нарушил македонските позиции. А сега глуми патриот, иако не смее да каже ништо за навредите на Каракачанов.

Македонија е погазена од Заев. Од Македонија се бара невозможното заради Заев“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски