Заев: Не сме многу далеку од договорот, само треба да имаме добра волја

Од:

Премиерот Зоран Заев изјави дека очекува средба со бугарскиот премиер Бојко Борисов во следниве недели.

„Бугарија е голем пријател и верувам ќе остане на таа линија. Ние не сме многу далеку од договорот, ние треба само да имаме добра волја. Верувам дека ќе се случи до вториот совет на министри на ЕУ, една средба меѓу мене и Борисов“, изјави Заев.

„Не зборуваме за отстапки, зборуваме за решенија од двете страни. Драго ми е што Бугарија го признава македонскиот јазик и македонскиот идентитет како наша реалност“, додаде тој.

Според Заев, македонско-бугарските бизнис односи се извонредни.

„Како што се закочени насекаде во светот може да трпат и тие. Во последната година, иако е ковид година имаме два-тринаесет инвестиции бугарски и две наши македонски во Бугарија, барем нотирани во мојот кабинет, што е навистина реткост. Жалам што економијата е опадната секаде, па и меѓу двете земји“, рече Заев.

Би можело да ве интересира

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“

(ВИДЕО) Aндоновска: Заев, Филипче и Николовски, дозволиле 2.000 тони пченица и јачмен од државните резерви да заврши на црниот пазар

Горан Наумовски

Мицкоски повтори дека нема намера да го менува Уставот без гаранции од Европската унија

Вајц се надева дека земјава по локалните избори ќе ги направи уставните измени за внесување на Бугарите

Изјавите на словачкиот претседател за Македонија ја налутија Софија