Д-р Грозданова: Се очекува Македонија да ја добие вакцината против Ковид-19 во првите месеци од 2021 година

Од:

Државава ќе ја добие вакцината против Ковид-19 која прва ќе биде регистрирана и одобрена преку Ковакс механизмот. Реално би било тоа да се случи во првите месеци од 2021 година, вели проф.-д-р Александра Грозданова од Фармацевтскиот факултет при УКИМ, која е претседателка на Комитетот за имунизација.

Договорот со Ковакс механизмот, посочи таа, кој земјава го потпиша, предвидува вкупна количина од 800.000 вакцини, односно по две дози од вакцината за вкупно 400 илјади луѓе.

– Во првите 20 проценти се предвидува вакцинирање најпрво на ризичните групи како здравствените работници, хронично болните и постарата популација. Потоа секако се планира набавка на дополнителни количини на вакцини и за останата популација, потенцира д-р Грозданова.

Компанијата „Фајзер“ веќе поднесе апликација за т.н итна постапка за одобрување на вакцината во Управата за храна и лекови (ФДА) во САД, а оваа процедура се очекува дека да ја користат и производителите „Модерна“ и „АстраЗенека“ за регистрација во Европската медицинска агенција. Како што вели д-р Грозданова, најавите се дека веќе во декември можно е да ја биде одобрена првата вакцина за Ковид-19.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски