Мета: Бескрајно благодарен на срдечниот дочек на владиката Партениј и на бигорското братство

Од:

Бескрајна благодарност до владиката Партениј и на бигорското братство за топлиот и срдечен дочек, напиша албанскиот претседател Илир Мета на Фејсбук по вчерашната посета на Бигорскиот манастир.

-Импресивна посета на манастирот „Свети Јован Крстител“, Бигорски манастир, кој годинава слави еден милениум од своето постоење. Ова е извонредно значаен божји храм и важен центар на православната вера, што секојдневно го посетуваат стотици верници, напиша Мета.

Посочува дека за него било огромно задоволство да разговара со владиката Партениј.

-Задоволство ми беше да разговарам со владиката Партениј, особено за улогата што верските водачи треба да ја играат во негувањето на мирот, соживот и соработка меѓу граѓаните, без оглед на етничката припадност и религијата, особено во нашиот регион, кој страдаше толку многу од поттикнување дух на омраза, напиша Мета постирајќи повеќе фотографии.

Не го крие ни чувството на задоволство што при посетата на Бигорскиот манастир бил придружуван и од дебарскиот муфтија, што е заедничка порака да се зачува верската хармонија.

-Среќен сум што при оваа посета бев придружуван од дебарскиот муфтија, Решат Качалнику, за да сите заедно дадеме пораката за неопходноста од меѓурелигиска хармонија за доброто на народите и социјалниот напредок, напиша Мета.

Шефот на албанската држава за време на посетата на Бигорски се запиша и во книгата на спомени.

-За мене денес беше извонредно изненадување да го посетам Бигорскиот Манастир на Свети Јован. Едно исклучително богатство за православните верници и за сето човештво. Уште еден повод не само да се биде горд за ова извонредно дело, но и за заедничко чување и промовирање. Ќе се вратам овде набргу, напиша албанскиот претседател Илир Мета во книгата на впечатоци при денешната посета на Бигорски манастир, напиша Мета.

На објавата на Фејсбук тој постира и повеќе фотографии од посетата на Бигорски манастир.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски

Уапсен е Илир Мета – екс претседателот на Албанија

А1он

Ги преживеаја најсуровите прогони, но никогаш не се откажаа, напиша Мета по средбата со Мицкоски

Мета до Мицкоски: Целосно сум убеден дека ќе бидете пример за инспирација

Претставници од Бигорскиот манастир иконата на Св. Георгиј Победоносец ја однесоа во светогорскиот манастир Ксенофонт

Предраг Петровиќ

Во Рим проекција на филмот „1000 години – Сведок на Светлината“, посветен на илјадагодишнината на Бигорскиот манастир

Ана Ололовска