Започна судскиот процес против поранешниот албански претседател, Илир Мета

Од:

Започна судскиот процес против поранешниот претседател на Албанија, Илир Мета, кој се наоѓа во притвор и е обвинет за неколку кривични дела.

Во Специјалниот првостепен суд за корупција и организиран криминал (GJKKO) се одржа првото рочиште, а присутен беше и Мета.

Мета побара од Специјалниот суд да се обезбеди директен пренос на целиот процес, барање за кое судот сè уште нема донесено одлука.

Адвокатот на поранешниот претседател Мета, Кујтим Цакрани, во изјава за медиумите денес истакна дека е неприфатливо рочиштата за овој судски процес да не бидат директно пренесувани за јавноста.

Во овој предмет ќе ѝ се суди и на поранешната сопруга на Мета, Моника Криемaди, која денес беше присутна на првото рочиште во главната постапка.

Следното рочиште за овој судски процес е закажано за 11 мај.

Судовите во Албанија ги одбија и барањата на поранешниот претседател Мета за укинување на притворот.

Поранешниот претседател Мета е уапсен на 21 октомври 2024 година, под сомнение за извршување на неколку кривични дела поврзани со случајот познат како „Договор за услуги CEZ-DIA“ и „договори за лобирање во САД“.

Моментално, Мета се наоѓа во притвор.

Би можело да ве интересира

Илир Мета останува во притвор, одбиeно барањето за кауција

А1он

Илир Мета останува во затворски притвор

А1он

Поранешниот албански претседател Илир Мета обвинет за корупција и перење пари

А1он

Ги преживеаја најсуровите прогони, но никогаш не се откажаа, напиша Мета по средбата со Мицкоски

Мета до Мицкоски: Целосно сум убеден дека ќе бидете пример за инспирација

Мета: Да креираме стабилни перспективи за задржување на младите во регионот

А1он