Мета во посета на Бигорски: Манастирот е исклучително богатство за православните верници и за сето човештво

Од:

За мене денеска беше извонредно изненадување да го посетам Бигорскиот Манастир. Едно исклучително богатство за православните верници и за сето човештво. Уште еден повод не само да се биде горд за ова извонредно дело, но и за заедничко чување и промовирање. Ќе се вратам овде набргу, напиша албанскиот претседател Илир Мета во книгата на впечатоци при денешната посета на Бигорски манастир.

Мета, кој денска беше во посета на Дебар, во Бигорски беше прдружуван од домаќинот, градоначалникот Хекуран Дука, претседателот на Советот на општината Башким Машкули и дбарскиот муфтија Решат Качалнику.

-Ценетите гости беа гостољубиво пречекани од нашиот старец и игумен, Владиката Партениј и браќата монаси. Притоа, јеромонахот Доситеј го запозна претседателот Мета со илјадагодишната историја на свештената Бигорски обител, а во манастирската книгохранителница Владиката Партениј лично му го покажа првото албанско Евангелие напишано со латинично писмо од познатиот албански деец од Елбасан, Константин Кристофориди, објавено во Константинопол во 1874 година, вели отец Кирил.

Додава дека всушност, ова Евангелие има големо историско значење за Албанците, бидејќи тоа на своевиден начин е претеча на литературниот албански јазик, а Кристофориди, заедно со уште неколкумина албански христијани, е еден од највидните дејци на албанското национално движење кон крајот на XIX век.

-Евангелието дојде во наследство на бигорската книгохранителница од роднината на владиката Партениј, блажениот покојник Душан Христов Константинов, чиј син Бранимир ја подари неговата приватна библиотека на Бигорски во 2011 година. Воодушевувањето на гостите од Албанија беше огромно, за тоа како нашето монашко братство се грижи за запазување на културното и духовното наследство во регионот, без разлика на националниот претекст, посочува отец Крил.

За време на престојот во Бигорски, нагласува тој, владиката Партениј пред претседателот Мета искажа посебна благодарност и почит за градоначалникот Хекуран Дука и сите дебрани за тоа што негуваат една култура на добро сожителство во дебарскиот крај на сите граѓани, без разлика на верската и националната припадност.

Претседателот Мета на отец Партениј му ја искажал својата голема благодарност за срдечниот пречек, за неговата великодушност, за неговата смисла за естетика и хармонија, како и за гостољубивиот и широкоград дух на Бигорскиот манастир

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски

Уапсен е Илир Мета – екс претседателот на Албанија

А1он

Ги преживеаја најсуровите прогони, но никогаш не се откажаа, напиша Мета по средбата со Мицкоски

Мета до Мицкоски: Целосно сум убеден дека ќе бидете пример за инспирација

Претставници од Бигорскиот манастир иконата на Св. Георгиј Победоносец ја однесоа во светогорскиот манастир Ксенофонт

Предраг Петровиќ

Комбе за џамијата во Арачиново, лустери и темјан за Бигорски манастир: Донации од Агенцијата за одземен имот

A1on