СДСМ: Сите се борат против коронавирусот, а ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ги саботираат мерките, го поткопуваат здравствениот систем

Од:

За Владата предводена од СДСМ приоритет е заштита на здравјето на граѓаните во услови на глобална пандемија, затоа воведе 30-дневна кризна состојба на територијата на целата држава за да ги мобилизира сите капацитети за заштита на јавното здравје и спречување на ширењето на заразата со коронавирусот. Од друга страна опозициската ВМРО-ДПМНЕ не најде за потребно во изминатите осум месеци да покаже конструктивност и да ги поддржи напорите за справување со кризата, која зема замав низ цела Европа“ – велат од СДСМ во реакцијата на соопштението од ВМРО-ДПМНЕ во кое опозициската партија обвини за негрижа за здравствената состојба на населението и побара оставки од Филипче и од Заев.

„ВМРО-ДПМНЕ од почетокот на пандемијата со коронавирусот се однесува деструктивно, ги поткопува сите напори на здравствениот систем и на институциите за справување со кризата, во очајни обиди политички да профитира ги злоупотребува починатите и нивните најблиски и бара оставки. Прв што треба да си даде оставка е токму губитникот Христијан Мицкоски и да замине од белиот дворец, тоа три пати по ред му го порачаа граѓаните кога го поразија на избори. Лицемерен и недоследен Мицкоски, глуми загриженост за здравјето на граѓаните, а всушност се грижи како да си ја задржи фотелјата.Наводно загрижен за здравството, преку негов кадар во преодната влада кочеше заем за опремување на здравствените установи, си одеше во теретана и во кафана кога беше забрането, им лепеше партиски етикети на лекарите и ги плашеше граѓаните дека нема доволно тестови и заштитна опрема. ВМРО-ДПМНЕ преку својот висок функционер Вело Марковски, кој смета дека ковид-19 е некаков безопасен вирус, па дури и дека не треба да се носат маски, свесно поттикнува на непочитување на мерките, кои масовно се прекршуваа и на нивните собири. ВМРО-ДПМНЕ ги саботира сите мерки и напори за спречување на ширењето на вирусот.Мицкоски е неодговорен и незрел политичар опасен по здравјето на граѓаните и затоа уште долго ќе остане во опозиција“ – се вели во реакцијата од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Левица: Скандалозниот тендер на Јанушев од еден милион евра заврши кај поранешен советник на СДС во Струмица

(ВИДЕО) Јанковиќ: Вицепремиерот Арбен Фетаи не сака да одговара на македонски јазик, тврди „уште не бил спремен“

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги штити Виктор Димовски, Еролд Муслиу и Љупчо Коцевски

Филипче од Париз: Потребен е проактивен пристап и политички консензус за напредок кон ЕУ

И СДСМ обвинува дека преку тендер кој го распишал Јанушев ќе се финансира кампањата на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски ги лаже скопјани со „EXIT“