Кризна состојба во државава, бројот на заразени и починати од Ковид-19 и натаму висок

Од:

Од синоќа стапи на сила трисетдневна кризна состојба на територијата на државава. Одлуката за кризната состојба ја донесе Владата на седница заради заштита на јавното здравје во услови на постоење на пандемија со Ковид-19 и спречување на негово ширење во зголемен обем со што се загрозува безбедноста на здравјето на населението.

Одлуката за кризна состојба е на предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи, по претходен предлог на групата за процена. Истовремено, Владата ќе му предложи на претседателот на Република Северна Македонија да одлучи за учество на дел од припадниците на Армијата (вид и број на сили и капацитети на армиските единици, намена и задачи за кои се бараат и времетраењето на активноста и ангажираноста на армиските единици) во справување со кризната состојба.

Владата заклучи главниот штаб при Центарот за управување со кризи веднаш да почне со подготовка на Акциски план за превенција и справување со ширењето на Ковид-19, како и целосен преглед за расположливи човечки и материјално-технички ресурси и план за координирано дејствување, а министерствата за внатрешни работи, за одбрана, за здравство, Армијата, Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување, сите расположливи капацитети и ресурси да ги стават во функција на справување со кризната состојба.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера се сретна со сопствениците на приватните болници „Жан Митрев“, „Систина“ и „Ремедика“, кои изразиле позитивен став во однос на користење на нивните ресурси од страна на државата за справување со пандемијата со Ковид-19.

Бројот на заразени со Ковид-19, како и на починати и натаму е висок. Во вчерашниот извештај на Министерството за здравство за изминати 24 часа беа евидентирани нови 1237 случаи со Ковид-19, 39 починати и 748 оздравени пациенти.

Вкупниот број ковид – дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 52449, бројката на оздравени пациенти е 30952, на починати е 1462, а бројот на активни случаи изнесува 20035.

Министерството за здравство соопшти дека 1.285 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот се лекуваат на инфективните одделенија во Скопје и во болниците низ земјава, а околу 120 празни болнички кревети има во ковид центрите. Од Министерството посочија дека сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород, како и дека покрај големиот наплив на пациенти во изминативе десетина дена, се во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид – одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Кризна состојба и портокалова фаза поради жештините и пожарите

Поради пожарите и топлотниот бран, Владата прогласи кризна состојба од 30 дена

A1on

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците