Стогодишна жителка на штипско Сарчиево пушти во употреба реконструирана чешма

Од:

Во штипското село Сарчиево свечено се пушти во употреба реконструираната чешма. Црвената лента ја пресече стогодишната Савка Милева. Оваа едовековна старица вели дека реконструираната чешма за селото значи живот и покрај тоа што во него останале само неколку жители.

Милева која е родена во 1913 година забележува дека сега има еден век и четири месеца, а за неа се грижат внуците.

– Не лежам, седам и одам по терасата. Убаво сум чувана, вели Милева, која живее во село Сарчиево, во кое во два наврати се готвеше Гинисовото гравче.

Таа вели дека порано овде многу убаво се живеело, куќи биле полни со луѓе, но сега сите млади се иселени.

Градоначалникот на општина Штип, Илчо Захариев изјави дека за еден месец оваа село ќе добие и свој плоштад, а се надева дека со ваквите инвестиции пополека и младите ќе се вратат на своите стари огништа. Реконструкцијата на селеската чешма е лична инвестиција на градоначалникот Захариев.

Би можело да ве интересира

Одбраната на обвинетите за убиството на турскиот државјани во Штип бара преиначување на кривичното дело во „убиство на миг“

Кривична за пироман од Штип: Изгореа делови од две куќи, гаража, шума…

Четворица од обвинетите за убиството на турски државјанин во Штип остануваат во притвор, судењето закажано на 27 ноември

И го искршил черепот, ја исекол на делови и трупот го закопал во двор – детали за убиството во Штип

Убиство во Штип: 74-годишен маж со нож уби жена и телото го закопа во двор

Горан Наумовски

Во Штип гласаат 152 болни и немоќни лица