Гризнувајќи го питонот се спасил од неговиот смртоносен стисок

Од:

Гризејќи и удирајќи го со сета сила, Замбиецот Келвин Катока, се спасил со смртоносниот стисок на питон.

Катока бил нападнат од питонот во еден рудник во северниот дел на Зимбабве.

– Питонот со огромна брзина се завитка околу моето тело и ме собори на земја, изјви 25-годишниот Катока, кој веќе месец дена заздравува во болница од нападот на змијата.

Нападот се случил кога Катока се симнал од багерот на кој работел за да се одмори. Питонот го забележал дури кога се обвиткал околу неговата нога.

– Се сетив дека имам ноже во џебот, па брзо го извлеков и почнав да ја бодам змијата. Во еден момент таа се доближи до моето лице, подготвена да ме голтне. Тогаш ја гризнав што можев посилно, истакна Катока.

Но, змијата продолжила да го стега, а тој почнал да повраќа крв и набрзо се онесвестил. Но, двајца негови колеги го пронашле Катока, ја убиле змијата, а него го однеле во болница.

Питонот е една од најголемите африкански змии кои можат да пораснат и до седум метри должина. Питонот ја убива жртвата со давење, а може да проголта и големи животни, како антилопа, па дури и крокодил.

Би можело да ве интересира

Австралија не се наоѓа таму каде што сите мислат

Емир Латифовиќ

Дали животните можат да предвидат земјотрес?

Емир Латифовиќ

Сопственикот на „Зара“ Амансио Ортега го симна Бил Гејтс од тронот како најбогат човек на светот

Емир Латифовиќ

218 години од првиот скок со падобран

Емир Латифовиќ

Петнаесет работи кои ги предвиде Бил Гејтс во 1999 година

Емир Латифовиќ

На денешен ден

Емир Латифовиќ