Кина ги повика државите повеќе да соработуваат околу развојот на вакцина против коронавирусот

Од:

Кинескиот претседател, Си Џинпинг, денеска изјави дека меѓународната заедница мора да ги збие своеите редови и заеднички да одговори на кризата. Притоа, тој повика на поблиска меѓународна соработка за вакцината против коронавирусот да се стави на располагање на сите.

Си ова, преку видео врска, го соопшти на Азиско-пацифичкиот форум за економска соработка (ЕПА).

-За да се победи вирусот и да се промовира глобалното закрепнување, меѓународната заедница мора да ги збие своите редови и заеднички да одговори на кризата и да се соочи со тестот, рече кинескиот претседател.

Тој истакна дека оваа соработка подразбира потесна координација на политиките за развој и дистрибуција на вакцината против Ковид-19.

Кинеските компании „Синовац“ и „Синофарм“ се во доцна фаза на тестирање на вакцината, како и десетина други компании низ светот, што се блиску до тоа ниво на развој.

Би можело да ве интересира

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Се зголеми кинескиот извоз

Кина ги зголеми царините за американскиот увоз на 125 отсто

Горан Наумовски

Си Џинпинг: Кина не се плаши и нема да попушти пред неправедната репресија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кина гради многу воени бродови со неверојатна брзина, Пентагон е во шок

Трамп: Се надевам дека САД и Кина на крајот ќе постигнат договор за царините

Горан Наумовски