Уника укинува 600 работни места до крајот на 2022 година

Од:

Осигурителната група Уника планира да укине околу 600 работни места до 2022 година, претежно во Австрија и да затвори една третина од филијалите во матичната земја, соопшти денеска австриската осигурителна компанија.

Во соопштението се наведува дека намалувањето на бројот на вработени треба да се реализира што е можно повеќе преку „природен одлив“ на работната сила, односно пензионирање и договорено прекинување на работниот однос, пренесува порталот de24. news.

Во периодот јануари-септември годинава, групата Уника во просек имала 12.750 вработени.

Намалувањето на бројот на работни места оваа година ќе ја чини компанијата до 110 милиони евра, но раководството смета дека ќе ги надомести тие трошоци со заштеда на идните трошоци во износ до околу 50 милиони евра годишно.

Би можело да ве интересира

Австрија се спротивставува на Германија: Нема да примаме нелегални мигранти

Две тела се пронајдени во сауна, полицијата се сомнева на труење

Авион кој полетал од Бања Лука се урна во Австрија

Австрија: Уапсен тинејџер кој планирал напад на железничката станица во Виена

Сириецот кој бодеше луѓе во Вилах бил член на ИСИС, се радикализирал на социјалните мрежи

Катерина Ѓуровски

Сириец избоде пет лица на улица во Австрија, почина 14-годишник

Предраг Петровиќ