Бруно ле Мер: Не е време за „Црн петок“

Од:

Францускиот министер за финансии Бруно ле Мер ги повика супермаркетите и трговците на интернет да го одложат таканаречениот „Црн петок“, што привлекува голем број клиенти поради значителни попусти.

„Црниот петок“ е на 27 ноември, а во Франција, продавниците што не продаваат есенцијални стоки се затворени поради ограничувачките мерки за борба против коронавирусот.

Помалите продавници, што не работат поради одлуката на Владата, стравуваат дека ќе претрпат загуби од конкурентите, големите онлајн компании како „Амазон“, кои можат да работат и да испорачуваат стоки за време на втората блокада во Франција.

– Дали следниот петок е навистина вистинското време да се организира Црн петок? Мојот одговор е не, нагласи Ле Мер во Сенатот.

Тој најави дека ќе побара од супермаркетите и продавачите на интернет да ги истражат сите опции за одложување на настанот. Директорот на Амазон за Франција претходно изјави дека компанијата забележала зголемување на активноста до 50 проценти за време на второто заклучување.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата