Renault ја искористи трката за големата награда на Монако од Формула 1 за да го претстави екстремниот Twin’Run концепт, кој прикажува како ќе изгледа наследникот на Twingo.
Двоседот претставува поспортска три-вратна верзија на електричниот Twin’Z.
Но додека Twin’Z ги нагласува урбаните атрибути на идниот градски автомобил на Renault, Twin’Run ја истакнува неговата динамика и влече инспирација од класичните тркачки автомобили Renault 5 Turbo и Clio V6.
Новиот концепт има средно поставен 3.5-литарски V6 агрегат преземен од тркачниот модел Megane Trophy.
Усогласен со шест-степен секвенцијален менувач со диференцијал со ограничено пролизгување, моторот испорачува 320 кс при 6,800 вртежи и 380 Nm максимален вртежен момент при 4,850 вртежи во минута.
Забрзувањето од 0-100 км/ч трае 4.5 секунди, a максималната брзина е 250 км/ч.
Twin’Run има 18-инчни алуминиумски фелни. Неговата ниска тежина е овозможена благодарение на панелите направени од фиберглас и тубуларната шасија, додека кровот, предниот сплитер, лаковите од тркалата и задниот дифузер се направени од јаглеродни влакна.
Моментално нема информации дали Twin’Run ќе прерасне во нешто повеќе од само концепт, но ние мислите дека оваа студија е навистина одлична идеја и се надеваме дека Renault ќе произведе барем ограничен број на примероци од него.