Бразил ќе биде домаќин на фудбалскиот Куп на Конфедерации кој ќе се одржи од 15 до 30 јуни, а на кој ќе настапат репрезентациите победниците на континенталните првенства.
Ова натпреварување кое се одржува како увертира на Светското првенство, ќе мине низ сценарио на воен филм.
Имено, Бразил кој е организатор на Купот, но и СП следната година, реши да направи неверојатен потег со купување на 34 германски оклопни возила „Флакпанзер Гепард“ кои ќе служат за осигурување на натпреварувањето.
Командантот на бразилските вооружени сили, генерал Марцио Хеисе, изјавил дека првите осум оклопни возила ќе пристигнат на почетокот на јуни, а ќе бидат распоредени на територијата на целиот главен град Бразилија, по што ќе се преселат и во Рио де Жанеиро.
На прашањето, дали безбедносните мерки ќе бидат поригорозни за време на Мундијалот, генералот Хеисе изјавил дека неможе да ги открие сите безбедносни детали, но дека во оклопните возила сигурно ќе бидат припадниците на анти-терористичката единица, која ќе се грижи за безбедноста на Светското првенство.