Капитенот на репрезентацијата на Македонија, Кирил Лазаров е позитивен на Ковид 19. Ова е исходот од последното тестирање направено во Нант пред дуелот од Лигата на шампионите против составот на Целје.
Тој и Адриа Фигуерас се седмиот и осмиот ракометар кои се позитивни на корона, па поради овие позитивни случаи средбата против екипата на Целје е одложена и нема да се одигра утревечер како што беше планирано.
„Последните тестови за Ковид 19 направени во понеделникот открија два нови позитивни случаи во екипата на Нант“, стои во краткото соопштение од клубот.