Аманпур се извини поради паралелата меѓу власта на Трамп и нацистите

Од:

Водителката на Си-Ен-Ен, Кристијана Аманпур се извини откако во нејзина емисија го спореди мандатот на американскиот претседател Доналд Трамп со нацистичкиот погром изведен во Кристалната ноќ.

Таа минатата недела изјави дека нападите на претседателот Трамп се напади врз историјата, фактите, знаењето и вистината.

– Не требаше да правам споредби. Хитлер и неговите злосторства секако имаат посебно место во историјата. Жал ми е за секоја болка предизвикана од мојата изјава, посочи Анампур.

Таа на почетокот од емисијата за настаните во светот на 12 ноември изјави дека поминале 82 години од Кристалната ноќ, која доведе до геноцид против еден цел идентитет. Аманпур потсети на палењето на книгите, истакнувајќи дека тоа водело до напад врз „фактите, историјата и вистината“.

Израелски официјални претставници ја осудија таквата споредба, истакнувајќи оти тоа е навреда на сеќавањата на холокаустот и побараа извинување.

Израелската министерка за дијаспора Омер Јанкелевич наведе дека американската телевизиска мрежа треба да биде „партнер во глобалните напори за борба против антисемитизмот, а не да дотура масло на огнот“.

– Искористувањето на сеќавањето на холокаустот за евтини наслови или политички цели е загрижувачко и е искривување на историјата и на моралната вистина, посочи Јанкелевич.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: „САД се болни и расипани, затоа Господ ме спаси“

Повторно закана за атентат врз Трамп

(ВИДЕО) Илон Маск и Доналд Трамп играат на „Stayin’ Аlive“ – снимката има над 130 милиони прегледи

A1on

Трамп му честиташе на Путин за размената на затвореници

A1on

Трамп ќе продолжи да се појавува на собири на отворено

A1on

Ако победи Трамп, финансискиот товар за помош на Украина ќе се промени на штета на ЕУ тврди Орбан

Катерина Ѓуровски