Неуспешно лансирање на ракета на ЕСА

Од:

Ракета на Европската вселенска агенција (ЕСА) претрпе неуспех осум минути по полетувањето, со што беа загубени двата сателита што таа ги носеше.

Леталото „Вега“ излезе од нормалниот свој режим кусо по лансирањето од вселенскиот центар во Куру, Француска Гвајана, по што излезе од опсегот на набљудување, како што соопштија од „Аријанеспас“ – компанијата што го следеше полетувањето. Истрагата за неуспехот допрва почнува.

– Мисијата не успеа, рече извршниот директор Стефан Израел при следењето на ракетата во живо.

„Вега“ имаше задача да однесе два сателита во Земјината Орбита – француски и еден шпански. И двата се изгубени при полетувањето, околу 700 километри од Земјата. Ова неуспешно лансирање на ЕСА е прво по неколку години.

Би можело да ве интересира

Руските космонаути со нов рекорд во вселената

Предраг Петровиќ

Важно откритие на научниците: Пронајден доказ за постоење на вода на Марс, сместена длабоко во кората

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

Астронаутите инсталираа нови соларни панели на ISS

Ана Ололовска

Најголемата вселенска експлозија: Научниците никогаш не биле сведоци на нешто од вакви размери

Предраг Петровиќ