Десет илјади розови „балони за мир“ во Кабул

Од:

Жителите на Кабул утрово, наместо вообичаените звуци на експлозии и пукотници, ги дочека јавен уметнички проект во рамките на кој волонтери поделија 10 0000 розови „балони за мир“.

Акцијата ја организираше Џазмани Арболеда, 31-годишен концептуален уметник од САД.

Овој проект е необичен обид во градот оптоварен со повеќедецениски судири да се внесе малку креативоност и ведрина.

Настанот не беше најавен, а акцијата е изведена само неколку часови после големиот талибански напад на седиштето на Меѓународната организација за миграција во центарот на Кабул.

Во тој напад убиени се еден полицаец и петмина милитанти. Безбедносните сили во следните неколку часови ги прогонуваа напаѓачите, а низ градот одекнуваа пукотници.

Повеќе од 100 млади жители на Кабул утрово делеа розови балони на работниците, купувачите и семејствата на улиците на главниот град.

Арболеда слични акции организираше во кенискиот Најроби, индискиот Бангалор и јапонскиот град Јамагучи.

Би можело да ве интересира

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан