ОМ: Груевски го призна поразот на антиквизацијата

Од:

Партијата „Обединети за Македонија“ е сериозно загрижена од последното интервју на премиерот Никола Груевски за МИА, посебно со неговите ставови кон НАТО. Во соопштението од партијата велат:

„Со ова тој откри три работи: го призна неуспехот на својата политика на антиквизација, со која Македонија ја оддалечи од тие што и беа сојузници во Алијансата и сите ги направи уште поголеми поддржувачи на Грција во неразумниот спор со името. Со последниот настап ја зацементира за долг период позицијата на Грција, која не успеа да ја надмудри, туку и во тешка економска криза и ја даде на послужавник ситуацијата која отсекогаш ја посакуваше“.

Во соопштението се вели дека Груевски по вчерашниот настан покажа дека не умее и дека нема идеја за Македонија. Најавата за инвестиции велат е „глупост“ зашто и министерот за економија признал дека нема никакви вложувања додека не влеземе во НАТО.

„Обвинувањето кон НАТО и глумењето на некаков историски став за божемна заштита на македонските интереси е само знак дека Груевски се подготвува за скорешни избори се вели во соопштенито на Обединети за Македонија“.

Би можело да ве интересира

Американците ја предупредуваат Европа: НАТО можеби нема да ве спаси

Горан Наумовски

Руте се обидува да го задржи Трамп во НАТО

Катерина Ѓуровски

Москва испрати предупредување: Доколку дојде до конфликт со НАТО, последиците ќе бидат катастрофални

НАТО подготвува удар врз Русија

Горан Наумовски

„Њујорк Тајмс“: Трамп нема стратегија за Иран, се бара помош од НАТО

„Ајдинлик“: НАТО влегува во самитот во Анкара со сериозни поделби