Анкета: Мнозинството Хрвати не се сигурни дали би се вакцинирале против коронавирус

Од:

Според истражувањето на агенцијата Валикон, 13 отсто од Хрватите сигурно ќе се вакцинираат кога вакцина против коронавирус ќе стаса во Хрватска. Анкетата покажа дека 21 отсто сигурно нема да се вакцинираат. Како што пренесува РТЛ, 30 проценти веројатно ќе се вакцинираат, а 36 проценти веројатно нема да ја примат вакцината.

Оние кои ќе се согласат на вакцина, би се вакцинирале од одговорност кон другите, како и затоа што со тоа би се сузбила заразата. Некои од нив би го сториле тоа како мерка на претпазливост, а некои од нив не сакаат да ги заразат старите лица или нивните семејства.

Една четвртина од испитаниците ќе бидат вакцинирани затоа што се постари и затоа што тоа е препорака на струката.

Оние кои не би се вакцинирале се загрижени затоа што не веруваат во новата вакцина, а дел од луѓето се плашат од несакани ефекти. Секое трето лице кое се противи на вакцината верува дека вакцините се генерално небезбедни и имаат последици по здравјето. Еднаков број од нив веруваат дека не се ризична група, а четвртина испитаници мислат дека вирусот мутира, па вакцината нема да ги заштити.

РТЛ посочува дека анкетата е направена на примерок од 523 испитаници, со маргини на грешка од 4,3 проценти.

Би можело да ве интересира

Снег паѓа во северозападна Хрватска

Пленковиќ: Претседателските избори на 29 декември

А1он

ВИДЕО: Брод удри во гребен кај хрватски остров, мештаните ги спасуваа патниците

Предраг Петровиќ

Полицијата утрово врши претрес во домот на министерот за здравство на Хрватска

А1он

Хрватска набавува борбени дронови на Бајрактар: Вредноста на зделката е 95 милиони евра

Министерот за одбрана на Хрватска потврди: Набавуваме Бајрактар

Предраг Петровиќ