Европратеникот од групата на Зелените Никос Хрисогелос е единстениот грчки европратеник кој гласал Македонија да ги почне преговорите со Европската унија, јави дописникот на МИА од Атина.
Европскиот парламент во четртокот во Стразбур изгласа резолуција со која уште еднаш јасно се побара од Советот на Европската унија да и додели без одлагање, датум за почеток на преговорите на Република Македонија во јуни годинава.
За резолуцијата предложена од британецот Ричард Ховит, гласаа 505 европратреници, 61 беа против и 31 воздржани.
Групата на Зелените во ЕП во четвртокот ја поддржа препораката на Европската комисија, додека во исто време сите грчки европратеници остро се спротивставија на европската перспектива на Скопје, јавуваат грчките медиуми.