СДСМ: Лицемерните ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски глумат загриженост, а жртвите од коронавирусот ги сведуваат на бројки

Од:

„Од почетокот на пандемијата па до денес, граѓаните од ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски видоа само лажни вести, деструкција, лицемерие и подривање на здравствениот систем,“ реагираат од СДСМ по обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ околу справувањето со здравствената криза.

Еве го во целост соопштението на СДСМ:

„Ако Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се грижеа за здравјето на граѓаните немаше први да ги кршат мерките и да организираат масовни собири каде не се почитуваа протоколите за заштита од коронавирусот.

Ако толку беа загрижени за здравствените работници, немаше да го кочат заемот од Светска Банка со кој ќе се опремеа 16 ковид центри низ целата државата.

Ако толку се грижеа за јавното здравје, немаше заболените и починати од коронавирусот да ги сведуваат на бројка и статистика и од нив да прават настани на кои им се потсмеваат на жртвите.

Но тоа е ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски, секогаш на спротивната страна на граѓаните, секогаш на спротивната страна на јавното здравје.

Наместо поддршка, ВМРО-ДПМНЕ застана на погрешната страна, на страната на коронавирусот,“ велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Јована Тренчевска и Александар Трајановски се избрани за потпретседатели на СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ: Милионските криминали во Државна лотарија се случувале под покровителство на СДС и ДУИ

Предраг Петровиќ

Стојаноски: Лицемерието на СДС излезе на виделина, ја напуштија собраниската седница кога требаше да се разговара за Резолуцијата за наводни мигранти

Предраг Петровиќ

Владата на Мицкоски го враќа паралелниот увоз на лекови како во времето на Груевски, тврди СДСМ

ВИДЕО: Антикорупциската платформа на СДСМ се вика М.И.Ц.К.О

Катерина Ѓуровски

СДСМ денеска го бира новото раководство