Стевчо Јакимовски, градоначалникот на Карпош и поранешен виден член на СДСМ, најави дека на политичката сцена следната недела ќе се појави нов политички субјект.
Во емисијата „Патот кон…“, на Алсат најави дека партијата на чие чело ќе застане тој ќе биде граѓанска и мултиетничка. Според Јакимовски, партијата има перспектива, овозможува развој на демократските процеси и артикулирање на барањата на граѓаните.
Јакимовски не ја исклучи можноста да соработува со поранешниот премиер Владо Бучковски и рече дека постојат можности за соработка со сите политички партии, но дека никогаш нема да се согласи со лидерот на СДСМ, Бранко Цревенковски.
Јакимовски не размислува за враќање во СДСМ.