(ВИДЕО) Јаневска: За да се избегне пикот на пандемијата зимскиот распуст на учениците да почне од 15 декември и да трае до 21 јануари

Од:

„Состојбата по училиштата и градинките станува крајно загрижувачка. Секојдневно имаме заразени наставници, цели паралелки во изолација, превозници што не ги почитуваат протоколите…, со еден збор, – класично уназадување на генерации на деца, дури и на оние кои штотуку го започнале своето образование.

Околу 10.000 ученици во оваа земја следат настава на опционален начин. Огромен број не следат настава, воопшто. Епидемијата беснее, но не колабира само здравството, колабира целиот системот“, вели Весна Јаневска од ВМРО-ДПМНЕ.

„И образованието е на раб на целосен колапс. Еве неколку примери:

– Во една познатата Скопска гимназија масовно се забележуваат отсуства на професори, а учениците не следат настава, не по нивна вина. Вешто се кријат причините за отсуствата, дали наставниците се во самоизолација или се позитивни, родителите не знаат, ниту пак нивните колеги. Оправдувањето е дека нема насоки од МОН. Иако треба учениците да се оценат до 20-ти, никој не знае како ќе се спроведе истото.

– Повеќе основни училишта во општина Аеродром не функционираат и наставниците и учениците се во самоизолација заради позитивни наставнички, но никој не знае да им каже ниту на родителите, ниту на децата до кога и зошто, кога „ протоколите перфектно се спроведуваат„?

– Што се случува со училиштата во Штип? Власта уште сака да оди на избори кога имаме над 2000 заразени месечно и над 20 мртви дневно?

– Како очекувате наставниците да ги оценат децата до 20.11 кога истите тие деца немаат можност да следат настава, а и тие што ја следат, имаат настава со низок квалитет, некаде еднаков на нула, а некаде и воопшто немаат настава. Квалитетот на интернетот е лош и затоа тоа го кажувам да не бидам погрешно разбрана, воглавно заради квалитетот на интернетот и заради заразеноста и на наставниците и на учениците со КОВИД 19 вирусот.

– Дополнително, решенија за самоизолација скоро и да не се издаваат. Се кријат бројки на заболени наставници и директори ,а позадината на тоа на сите ни е позната, образовниот процес по секоја цена мора да е успешен.

И уште многу вакви случаи во скоро секое второ училиште, во секоја општина во државата.

Во оваа држава, никој за хаосот не чувствува никаква одговорност, а наставниците очајно бараат заштита и за себе и за своите ученици.

Поради сѐ ова и поради она што не се очекува, односно стивнување на епидемијата во скоро време, предлагаме, зимскиот распуст да започне од 15 декември 2020, а да заврши на 21.01.2021, ден понеделник. Така, учениците и наставниците би го избегнале пикот на епидемијата, кој нема веќе реден број, а министерката ќе има време и да го слушне гласот на наставниот кадар, родителите и учениците и да конечно да преземе нешто.

Министерке, преземете одговорност, доста беа театри и паради, време е за вистинска помош од ваша страна“, изјави Весна Јаневска од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски