Крводарителска акција во Велес

Од:

Во крводарителска акција во велешкиот Ликовен салон денеска беа собрани рекордни 150 единици крв. Акцијата ја организираше навивачката група „Гемиџии“ во соработка со општинскиот Црвен крст и со Институтот за трансфузија од Скопје.

Тие се задоволни од успехот на акцијата и од хуманоста на граѓаните на Велес. Крвните единици ќе бидат пратени во Институтот во Скопје и наменети за лекување на пациенти хоспитализирани во Клиничкиот центар.

Крводарителската акција беше дел од општинската програма со која се прославува Денот на сесловенските просветители свети Кирил и Методиј.

Би можело да ве интересира

Изгоре автомобил на паркинг во Велес

Mртов 42-годишен маж е пронајден во помошни простории

Горан Наумовски

Велешките пожарникари извлекле мајка и дете од автомобил на поплавена улица

Во стан во Велес пронајден мртов маж

Дете со здравствени проблеми e истепано во Дневниот центар во Кавадарци

Мајка и ќерка се тешко повредени во сообраќајка на пругата кај Стар Мост во Велес

Горан Наумовски