Најмалку 15 нови видови на птици се откриени на подрачјето на Амазонија во Бразил, што е најголемо откритие во орнитологијата во последните 140 години, изјавија бризалските научници.
-Во светот секоја година се откриваат три до четири нови видови птици. Се изненадивме кога пронајдовме 15 нови видови што докажува дека постои богата биолошка разновидност во Амазонија –истакнаа истражувачите.
Некои од новите птици се наоѓаат во источниот дел на Амазонија во малите локации и им се заканува истребување бидејќи секојдневно се сечат шумите.
Елена Георгиевска