Запленети златни монети, двајца приведени

Од:

Полицијата приведе две лица и заплени златни монети, по сознанија дека договориле продажба на монетите.

„По добиени сознанија дека И.Н. од Прилеп, заедно со уште едно лице договориле продажба на златни монети на лице во Кочани, околу 11 часот на регионалниот пат, на влез на Кочани, полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Бирото за јавна безбедност во координација со СВР Штип запреле возило „фолксваген“, управувано од И.Н., а сопатник бил Ш.С. од Кавадарци. При преглед на возилото, пронајдени се 16 златни монети“, велат од МВР.

Лицата се приведени и задржани во полициска станица Кочани, известен е јавен обвинител од кого се добиени насоки лицата да се задржат за понатамошна постапка.

Во текот на вчерашниот ден извршен е претрес на дом и други простории кај три лица Е.П од Кавадарци, Ш.С. од Кавадарци и И.Н. од Прилеп. Во тек се претреси на уште две локации во Скопје и Кочани. Во врска со овој кривично правен настан МВР соработува и разменува дополнителни информации со Интерпол и Европол.

Би можело да ве интересира

МВР: Ива Михаилова нема евидентиран излез од Македонија и влез во Бугарија

Горан Наумовски

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп