Граѓанско учество во креирање на општинскиот буџет во Македонска Каменица

Од:

Општина Македонска Каменица објави прашалник преку кој заедно со граѓаните ќе го креира општинскиот буџет за 2021 година. Со ова, како што информираа надлежните, граѓаните имаат можност по електронски пат да ги доставуваат своите предлози.

– Со пополнување на краткиот формулар граѓаните директно учествуваат во креирањето на приоритетите и буџетот на Општина Македонска Каменица за 2021 година. Целта е на непосреден начин, по електронски пат, да ги посочат своите проблеми, барања, предлози или идеи за тоа што би можело да се реализира како приоритет во наредната година, истакнаа надлежните.

Во меѓувреме, општината продолжува да работи на неколку проекти кои до крајот на годинава треба да бидат завршени.

-Моментално во тек се активности за изградба на улица во должина од 600 метри, а како општина го изменивме планот за ноември и подготвуваме повеќе јавни набавки во вредност од 48 милиони денари, кои ќе бидат спроведени до крајот на месецот, додадоа од Општината.

Од градежните активности кои се во тек, од Општината ги наведоа изградбата на атмосферска канализација, како и една делница од градскиот водовод.

Би можело да ве интересира

Атанасовски: Пожарот во селата Цера и Пресека повторно надвор од целосна контрола

Лукаревска од Македонска Каменица: На 8 мај гласајте за силен СДСМ, сега е најважно да не се враќаме назад

А1он

Од понеделник во училиштата во Македонска Каменица ќе се интонира државната химна

Загина моторциклист во близина на Македонска Каменица

Пријава за поткуп за глас во Македонска Каменица

А1он

Сообраќајот кон Делчево и Каменица се пренасочува поради одрони

Жарко Настоски