Неколку стотини припадници на фундаменталната католичка заедница во мексиканската општина Турикато, го уништија локалното училиште.
Членовите на „ Нов Ерусалим“, кои го уништија училиштето, како што се гледа на снимката на АПТН, веруваат дека нивното место ќе биде единственото на земјата кое ќе биде поштедено од апокалипса. На верниците им е забрането да користат модерни уреди, а жените не смеат да се шминкаат.
Членовите веруваат дека децата треба да имаат религиозно образование а дека училиштето е дело на сотоната. На децата им забрануваат да се облекуваат во училишни униформи, како што пропишува државата.