Главните улици во Струга повторно ќе бидат двонасочни

Од:

Министерството за внатрешни работи го одобри барањето на општина Струга за повторно враќање на двонасочниот сообраќај на двете главни улици во Струга, „Пролетерски бригади“ и „15-ти Корпус“.

Новиот сообраќаен план во централното градско подрачје што го усвои и општинскиот Совет на последната седница ја обврзува Локалната самоуправа да ја избрише хоризонталната сигнализација на двете најфрекрентни сообраќајници на местата кои досега служеа за паркирање на возила. Предвиден е и посебен режим за автобускиот и линискиот превоз, како и нови места каде што ќе се изградат автобуски постојки.

Градоначалникот Зијадин Села смета дека новиот план ќе овозможи подобар и побезбеден сообраќај, како за стружани, така и за туристите.

– Ветив уште во изборната кампања дека во првите сто дена ќе ја исчистам главната улица од паркинг и јас веќе тоа го направив. Сметам дека тоа е во интерес на граѓаните и на туристите бидејќи вака како што е, туристите влегуваат во Струга и не знаат како да излезат, вели Села.
Најголемите улици во Струга од 2007 беа еднонасочни. Одлуката за таквиот режим на сообраќај беше усвоена од тогашниот општински Совет и предизвика револт кај граѓаните, кои протестираа барајќи јавните површини да не се претвараат во паркинг-простори.

Би можело да ве интересира

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

На две фирми од Велешта им е забрането да вршат ископ во близина на изворите за вода за пиење во Шум

А1он

Камионџија од Албанија прегази 75-годишен стружанец

Горан Наумовски

Скандал со загадената вода во Струга – Обвинителството покрена истрага

Водата од струшкиот водовод небезбедна за пиење поради заматеност

Мртва жена е пронајдена во стан во Струга