ВМРО-ДПМНЕ: Кој е интересот на Филипче што овозможи приватните болници да се богатат на грбот на пациентите

Од:

„Црните рекорди на Филипче продолжуваат. Секој ден четирицифрена бројка на новозаразени со корона според статистиката на министерството за здравство. Вкупната бројка на заразени се движи кон 45 илјади, а неспособниот Филипче предвидуваше дека ќе биде две илјади.

Во последното деноноќие уште 25 семејства завиени во црно, а од почетокот на пандемијата 1263 починати лица“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Неспособниот Филипче ги фрла граѓаните во секојдневна голгота. Нема соодветна терапија за сите, истата се добива во приватните болници, пациентите умираат на пат до болница, по ходници на клиниките.

Прашуваме кој е интересот на Филипче што овозможи приватните болници да се богатат на грбот на пациентите додека државното здравство колабира. Медицинските лица се целосно незаштитени.

Филипче девет месеци од короната кризата ги остава без соодветна лична заштита, па така од почетокот на пандемијата 1527 медицински лица, а починаа 13. Време е за одговорност! Затоа Филипче оставка веднаш!“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче