Министерството за култура го осуди оштетувањето на Музејот на албанската азбука

Од:

Министерството за култура го осуди оштетувањето на националната установа Музеј на албанската азбука во Битола и очекува сторителите бргу да бидат најдени.

– Министерството за култура најостро го осудува вандалскиот чин со кој рано изутринава непознати сторители оштетија дел од музејската поставка во НУ Музеј на албанската азбука во Битола, во кој е сместен дел од културната историја на албанскиот народ во Република Македонија. Убедени сме дека сторителите набргу ќе бидат пронајдени и изведени пред лицето на правдата, стои во реакцијата на Министерството за култура.

Според Билтенот на МВР, денеска во 4.30 часот во СВР-Битола било пријавено дека непознат сторител ноќеска искршил повеќе стакла во Музејот, а потоа се оддалечил од местото на настанот.

Музејот на албанската азбука во Битола е сместен во објект во кој во 1908 година се одржал познатиот Битолски конгрес на кој група албански интелектуалци ја создале и унифицирале денешната албанска азбука.

Би можело да ве интересира

Десет претстави на „Денови на комедијата“

Сотирис Минас доаѓа во Македонија

Филмот „17“ на Косара Митиќ е македонски кандидат за Оскар

Предраг Петровиќ

Jazz Extravaganza – концерт на Емин, Шарески, Јосифовски и Петров

„Заедно за подобро утре“, хуманитарен концерт во Велес

„Охридско лето“ со четири џез-вечери отвора ново музичко поглавје