ОЈО: Се врши проверка и прибирање на документација за паралелен увоз на лекови

Од:

Основното јавно обвинителство – Скопје врши проверки и прибирање на документација која ќе помогне при утврдување на фактите и расветлување на случајот за паралелен увоз на лекови и не станува збор за претреси, велат за МИА од Обвинителството.

Од Обвинителството посочуваат дека предметот за паралелен увоз на лекови бил отворен по допрен глас во Основното јавно обвинителство – Скопје, а подоцна во текот на предистражната постапка предметот е предаден на надлежно постапување во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

-По предметот се преземаат предистражни дејствија подолг временски период. Денешните активности на Министерството за внатрешни работи се резултат на претходно издадени наредби од страна на предметниот обвинител кои заради актуелната состојба со пандемијата не биле до сега реализирани. Во случајов не станува збор за претреси, туку за вршење на проверки и прибирање на документација која ќе помогне при утврдување на фактите и расветлување на случајот, велат од Обвинителството.

Полициски инспектори од Одделот за борба против организиран криминал и корупција на МВР претпладнево по наредба на Обвинителството влегле во веледрогеријата „Пановски“.

Би можело да ве интересира

ОЈО: Двајца пензионирани полицајци и уште едно лице оддавале тајни на организираната криминална група „Дуќанџик“

Известување за притисок врз скопското вишо јавно обвинителството доставено до Советот на јавни обвинители

Обвинителство: Материјалот за случајот со поранешната министерка за култура е пристигнат и се проучува

ОЈО доби ново одделение за сериозен и сложен криминал

Претреси за финансиски криминал на повеќе локации

Предраг Петровиќ

ОЈО: Маж од скопското село Грчец и се заканувал на новинарка

Горан Наумовски