„Фестивал на тркала“ со 12 европски филмови

Од:

Дванаесет европски филмови се прикажуваат во рамки на седмиот „Фестивал на тркала“ кој се одржува од 12 до 19 ноември на платформата  Сinesquare.net. Фестивалот го организира продукциската и дистрибутерска компанија „Катавеј“ од Скопје со поддршка од Министерството за култура.

Годинава во проширен концепт фестивалот има четири програми: игран филм, документарен филм, посебен фокус на француската режисерка на документарен филм Клер Симон на Меѓународниот фестивал на документарен филм Амстердам (IDFA), како и програма за најмладите.

Во програмата играни филмови ќе бидат прикажани: „Сонот на Катрина (Katrina’s Dream)“; „Море од Жито (Mare di Grano)“; „Насмевка (Smile)“; „Гулабот (The Pigeon)“ и „Бракот (The Marriage)“, во документарниата програма ќе има два наслова: „Каде си Жоао Жилберто? (Where Are You Joao Gilberto?)“ и „Крис Швајцарецот (Chris The Swiss)“.

Во фоксуот за Клер Симон се филмовите „Приемен испит (The Graduation)“ и „Младешка самотија (Young Solitude)“, а во програмата филмови  за деца – „Кариран нинџа (Checkered Ninja)“; „Хакер (Hacker)“ и „Улица на надежта (Mercy Street)“.

– Филмските тркала продолжуваат да се движат по патиштата низ земјава овозможувајќи им на децата и на возрасните низ републиката причина за уживање во квалитетен филм од најновата европска кинематографија, соопшти „Катавеј“ – организатор на фестивалот.

Би можело да ве интересира

Критичарите воодушевени од новиот хорор филм: Го нарекуваат најстрашниот филм од „The Shining“

Предраг Петровиќ

Во Турција е забранет новиот филм на Даниел Крег со интимни геј сцени

Предраг Петровиќ

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Лијам Нисон призна дека Памела Андерсон му го освоила срцето: Лудо сум вљубен во неа

Предраг Петровиќ

Недела на романски филм во Кинотека: Проекции на филмовите на Пују, Мунџиу, Порумбоју и Жуде кои ја поставија Романија на мапата на светската кинематографија

Предраг Петровиќ

Бред Пит ја откри улогата која му го промени животот: Научив многу

Предраг Петровиќ