ВМРО-ДПМНЕ: Градоначалниците на СДСМ да ги пренаменат парите од новогодишно украсување за болнички возила

Од:

„Болниците немаат болнички возила, хронично болните немаат вакцина против грип, а болните од КОВИД 19 треба сами да си плаќаат терапија на приватно, но затоа општините ширум Македонија, со кои управуваат кадри на СДСМ се расфрлаат со илјадници евра за новогодишно украсување.

Само општина Охрид распишала тендер за изнајмување на монтажна опрема за новогодишно украсување во висина од над 21 илјади евра. Тоа е половина болничко возило, неколку терапии за КОВИД 19 или илјадници вакцини против грип“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Иста е ситуацијата и со општина Гази Баба, која ќе се украсува за над 14 илјади евра, во време кога пациенти примаат инфузија во двор на болница.

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во град Скопје повика парите за украсување на градот да се пренаменат за борба против КОВИД 19, Шилегов одби, а по неговите стапки одат сите градоначалници од СДСМ.

Доколку СДСМ имаше барем малку разум, и не гледаа политички на се, со парите за украсување ќе се купеа десетици болнички возила и други потребни материјали за болниците со цел справување со КОВИД19.

Затоа уште еднаш ги повикуваме градоначалниците да ги пренаменат парите од новогодишно украсување за болнички возила. Доколку не делуваат разумно. СДСМ уште еднаш ќе покаже дека не мислат за граѓаните, туку само за нивните политички поени“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски