На граничниот премин „Долно Блаце“ во попладневните часови на 11 ноември при пасошка контрола од полицијата бил уапсен 31-годишен косовски државјанин.
Како што информираат од МВР, евиденцијата покажала дека лицето било барано со мерка „апси“ од страна на Интерпол од Германија.
Косовецот е приведен од македонската гранична полиција за понатамошна постапка.