Османи: Не сакам да бидам дел од дневно-политичка драма и хистерија за сензитивни теми

Од:

Отворен сум да разговарам со опозицијата за кое било прашање, вклучитечно и за прашањата што се од државен и од јавен интерес и се многу сензитивни за сите граѓани, меѓутоа не сум спремен да бидам дел од дневно-политичка драма и хистерија по однос на вакви сензитивни теми, изјави денеска минстерот за надворешни работи Бујар Османи.

– Спремен сум денеска да се сретна со опозицијата овде во Министерството, во нивното седиште, во Собранието, но ниту со нашата опозиција, ниту со бугарската, ниту со други политичари, немам намера да влезам во јавен политички дискурс или дебата кои може да бидат искореистени за дневно политички прашања и може да му наштетат на овој витален процес, особено сега кога тој е во завршница, изјави Османи одговарајќи на новинарско прашање зошто не се одѕвал на поканата да присуствува на денешната седница на собраниската Комисија за надворешни работи.

Тој нагласи дека со ова не избегнува транспаретност и комуникација, но во оваа атмосфера оптоварена со емоции, како што рече, таквите дебати и расправи во Комисијата нема да придонесат ништо конструктивно во овие клучни денови за процесот.

Османи додаде дека досега не бил контактиран за средба со опозицијата, туку само добил покана за учество на работата на собраниската Комисијата, истакнувајќи при тоа дека е подготвен да биде мост меѓу политчките партии, бидејќи, како што рече, внатрешната политчка кохезија е услов за успех на евроиинтеграцијата на земјата,

– Немам никакав предрасуда кон било кого. Подготвен сум да разговарам во било кој формат за сите прашања од државен интерес, но тоа да не биде дел од една драма и хистерија во интерес на политичките партии, потенцира Османи.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија