Лекари од италијанската провинција Бари открија коронавирус во телото на куче, што претставува прв ваков случај регистриран во земјата.
Откриено е дека сите четворица членови на семејството кои живееле со домашниот миленик биле заразени со вирусот.
Првиот позитивен резултат од тестот бил добиен на 5 ноември, а последователно е потврдуван неколкупати досега, соопштија италијанските лекари.
Тие велат дека интересно е тоа што кучето немало никакви симптоми.
Според професорот на Универзитетот во Бари, Никола Дикаро концентрацијата на вирусот кај миленикот била мала.
Дикаро истакнува дека ризикот од заразување со коронавирус од куче или мачка кон човек е нула.