Поради коронавирусот се откажува натпреварот за најдобро младо вино произведено во домашни услови

Од:

Дегустација, оценување и награди за млади вина од домашни производители за денот на „Beaujolais nouveau“ за 2020 година се откажува поради пандемијата од Ковид-19, информираат од Здружението на македонски винари.

– За жал ваквите одлуки се тешки, но неопходни, со цел да се вклучиме во борбата против ширењето на Ковид-19. Цврсто веруваме дека наредната година ќе ни донесе подобрување во сите сегменти на нашиот живот, а дотогаш на сите винари и љубители на доброто вино кои со нетрпение го чекаа овој настан, им посакуваме пред сѐ добро здравје и секое добро, нагласија од Здружението.

Оттаму препорачаа да се консумира одговорно, за добро здравје и подобри времиња.

Би можело да ве интересира

Франција: Полицијата ги разоткри продавачите на лажни премиум вина

Николовски: Зголемена откупна цена и поголеми приходи на лозарите преку новиот Закон за виното донесен од СДСМ

Благодарение на СДСМ цените на грозјето се покачуваат гарантирано за 25 отсто, велат од партијата

МЗШВ: Производната цена на килограм „смедеревка“ 18,3 денари, а на „вранецот“ 20,8

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

Ковачевски: Со мерките на СДСМ расте производството и извозот на македонско вино