Три дена „Музичка култура“ со Дева, Мирко Попов и Роботек

Од:

Центарот за нови иницијативи во уметноста и културата „Локомотива“ и Младинскиот културен центар од денеска и во наредните два дена со почеток во 19 часот ја организираат програмата „Музичка култура“ – серија од три настани посветени на тројца домашни електронски музички продуценти – Дева, Мирко Попов и Роботек.

Програмата вечер ќе почне со Дева (Виктор Ирвин Иванов), утре е Мирко Попов, а в сабота – Роботек (Горан Атанасовски). Со секој од нив Виолета Качакова накратко ќе разговара за музиката, творечкиот процес и можностите за работа, по што ќе следува настап во живо со нов материјал. Настаните ќе се пренесуваат онлајн преку социјалните мрежи на „Локомотива“ и Младинскиот културен центар.

– Трите настани се посветени на тројца современи македонски автори од различна генерација, чија работа се движи на линија помеѓу светската и локалната, автохтона култура во полето на електронската музика. Секој настан ќе почне со краток разговор во кој ќе се запознаеме со авторот, неговото творештво и актуелен процес на работа, но и со можностите за креација и настапи на независните музичари кај нас, особено сега – во пандемски услови, соопштија организаторите.

Би можело да ве интересира

Две нови изведби на перформансот „Мачката Елеонора“ во МКЦ

Предраг Петровиќ

Костадиновска Стојчевска: Да се одложат одредени проекти во МКЦ додека да се реши статусот на хонорарците

Синдикатот на МКЦ бара надлежните институции да најдат решение за хонорарно ангажираните лица

Горан Наумовски

Отворање на изложба „Кобалт Синергија“ во МКЦ

Горан Наумовски

Бени Шаќири нов директор на МКЦ

VILLAGERS OF IOANNINA CITY за прв пат во Скопје