Седница на три собраниски комисии

Од:

Во Собранието на Република Северна Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за труд и социјална политика, за одбрана и безбедност и за надворешни работи.

На предложениот дневен ред на Комисијата за надворешна политика е ставена точката за Утврдување на национален став за македонските ЕУ-интеграции, наспроти позициите на официјална Софија засновани на Објаснувачкиот Меморандум усвоен од страна на Република Бугарија, кои претставуваат закана за блокада на евро-интеграциите и нарушување на универзалното право на самоопределување.

Комисијата за труд и социјална политика треба да го разгледа Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за работните односи – I читање, поднесен од пратениците од владејачкото мнозинство.

Измените и дополнувањата на законите за безбедност на сообраќајот на патиштата и за внатрешни работи, двата во прво читање ќе се најдат пред пратениците од Комисијата за одбрана и безбедност.

Би можело да ве интересира

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on