ВИДЕО: Трамп се појави во јавност и накисна на воените гробишта во Вирџинија

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска се појави во јавноста за првпат по претседателските избори одржани на 3 ноември, кои тој според официјалните резултати ги загуби, а потоа обвини за изборна кражба.

Трамп се појави на воените гробишта во Арлингтон, Вирџинија, во друштво на сопругата Меланија и потпретседателот Мајк Пенс. Претседателот учествуваше на церемонија по повод Денот на ветераните, во чии рамки положи цвеќе на споменикот на американските војници загинати во Првата светска војна.

Медиумите од САД забележуваат дека она што е невообичаено на настанот е тоа што Трамп поголем дел од церемонијата не употребил чадор, па целосно накиснал на силниот дожд, додека траело десетминутното интонирање на химната и положувањето цвеќе.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Поддржувачите на Трамп масовно го откажуваат Нетфликс

ВИДЕО: Кој победи во потпреседателската дебата во САД

Аналена Бербок: Трамп шири лажни вести за Германија, во наш интерес е да ги одржуваме врските со САД

Горан Наумовски