Во САД над милион нови случаи на Ковид-19 во првите десет дена од месецов

Од:

Повеќе од еден милион случаи на коронавирус се регистрирани во САД во првите десет дена од овој месец.

САД постигнаа рекорд и на хоспитализирани лица, кои моментно изнесуваат 61.964. Во земјата има и по повеќе од 100.000 заразени дневно, но и просечно по 930 смртни случаи за едно деноноќие.

Тексас е првата американска сојузна држава со над еден милион заразени случаи со Ковид-19. Оваа држава има повеќе заразени со коронавирус од цела Италија.

Следен рекорден број на заразени и починати има во Висконсин, каде гувернерот Тони Еверс ги повика жителите да останат во своите домови, а компаниите да им овозможат на луѓето да работат од дома, да носат заштитни маски и да се ограничи персоналот на работното место.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак