ВИДЕО: Човек со нож нападна полицајци во Словенија, мораа да пукаат за да го совладаат

Од:

Двајца се повредени во тешкиот инцидент кој денеска се случил во словенечкиот град Велење – млад човек со нож нападнал полициска патрола, а полицајците морале да пукаат во воздух за да го совладаат.

Според извештаите, полицијата околу пладне добила повик дека на Титовиот плоштад во градот, еден човек кршел се пред себе и се заканувал дека ќе изврши самоубиство.

Кога полицијата пристигнала, човекот ги нападнал полицајците со нож, а тие одговориле со предупредувачки истрел во воздух, по што напаѓачот побегнал.

Но, полицајците набргу го стигнале и тој тогаш повторно ги нападнал, забивајќи го ножот во главата на една полицајка, која е пренесена во болница. На ова, полицајците одговориле со истрел во човекот, кој бил ранет, но и покрај тоа се обидувал да избега.

На крајот, напаѓачот бил совладан со употреба на солзавец во спреј, а објавени е снимка на која неколкумина полицајци го држат додека не пристигне Брзата помош.

Засега не се познати мотивите за однесувањето на човекот и за неговиот напад врз полицајците.

Би можело да ве интересира

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег

ВИДЕО: Силно невреме ја парализираше Словенија

Лизгање на земјиште затрупа неколку куќи во Словенија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Невремето од Словенија ја зафати Хрватска: Силните налети на ветер уриваа покриви и дрвја

Италијански полицајци бркале Романци низ цела Словенија

ВИДЕО: Словенија зафатена од суперќелиска бура

Катерина Ѓуровски